Гаранција, рекламации и враќање
Фабричка гаранција од 1 година од денот на купување, рекламации преку производителот и враќање или замена на неупотребена гума во рок од 3 дена.
Фабричка гаранција: 1 година
Секоја нова гума има фабричка гаранција од 1 година од денот на купувањето. Гаранцијата важи за фабрички недостатоци што ќе ги потврди производителот.
Рекламација
- Донесете ја гумата во салонот на ул. Борис Трајковски 20, Кисела Вода, со фискалната сметка или фактурата.
- Гумата ја праќаме на проверка кај производителот. Одговорот стига за околу 15 дена.
- Ако производителот потврди фабрички недостаток, ви враќаме пари според истрошеноста на гумата. Ако сакате, наместо пари земате нова гума, а одобрениот износ се одбива од нејзината цена.
Враќање на неупотребена гума
Ако сте нарачале погрешна димензија, неупотребената гума можете да ја вратите или да ја замените со правилната.
- Подигната во салонот: во рок од 3 дена од купувањето. Парите ви ги враќаме кога ќе ја донесете гумата.
- Пратена со карго: во рокот и под условите од Законот за заштита на потрошувачите, сметано од денот кога сте ја примиле гумата. Трошокот за враќање со карго го плаќа купувачот, освен ако ние сме пратиле погрешна гума.
Потребна е фискалната сметка или фактурата.
Прашања и поплаки
Јавете се на 070 367 848, пишете на ceresmk@yahoo.com или дојдете во салонот. Сите контакти: Контакт.